12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Брекзит“ ќе ја чини германската економија до 50 милијарди долари

„Брекзит“ ќе ја чини германската економија до 50 милијарди долари

757z468_shutterstock_233174032

Доколку Велика Британија ја напушти ЕУ тоа би можело да ја чини Германија до 50 милијарди долари до крајот на 2017 година, бидејќи извозот на оваа најголема европска економија ќе биде сериозно погоден, се наведува во студијата на DZ банка.

„Тоа е голем влог за германската економија бидејќи Велика Британија е еден од нејзините најважни трговски патнери“, изјави економистот на DZ банка Моника Бовен.

Таа вели дека во втората половина од годината германската економија ќе започне да ги чувствува последиците доколку во Британија гласаат за напуштање на ЕУ.

Во тој случај, германската економија ќе порасне за 1,4 проценти оваа година, наместо прогнозираните 1,8 проценти и 0,5 проценти во 2017 година, наместо прогнозираните 1,7.

Германската Влада очекува раст на економијата за 1,7 проценти оваа година и 1,5 проценти наредната година.

Велика Британија се подготвува за референдум на 23 јуни за членството во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП