Претставниците на владата од австриските покраини се изјаснија против ратификација на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада (CETA).
„Овој договор на смее да биде прогласен за привремено применлив, без националните парламенти да ја дадат својата согласност“, ја пренесе одлуката претседателот на владата на деветте австриски покраини, претседавајќи со покраинската конференција Вилдрис Хаслауер.
Претседателот на владата на покраината Салзбург истакна дека, во областа на безбедноста на храната или заштитата на податоци, не смее да се отстапи од стандардите и изнесе значителни сомневања во врска со усогласеноста на договорот со меѓународното право.
„Сакаме критериумите и барањата, кои веќе во 2014 година ги формулиравме за договорот на ЕУ со САД (TTIP) да бидат проширени и на CETA“, порача Хаслауер.
Австрија веќе претходно го најави противењето кон договорот TTIP, за кој моментално преговараат ЕУ и САД.