28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто бара секој работодавец од идниот работник

Што бара секој работодавец од идниот работник

vidovi1

При изборот на кандидат за работа, работодавците главно се обидуваат да проценат колку може потенцијалниот вработен да им понуди долгорочно. Она што работодавецот го бара се квалитети, како способност за извршување повеќе задачи истовремено, мотивираност и самоиницијатива. Најмногу од се, овие работодавачи ги ценат и наградуваат интерперсоналните вештини, на пример комуникативноста, тимската работа и толеранцијата.

 

СИГУРНИ ВО СЕБЕ: Ако се прикажете себеси во најдобро светло, тоа не е ниту ароганција ниту постојано критизирање на скромноста. Кој не знае себеси да се продаде, тој нема да знае да го продаде ниту производот.

 

ОДЛИЧНИ ГОВОРНИЦИ: Дали знаете да го претставите проектот, производот или себе, е прво што ќе му падне во очи на работодавецот за време на интервјуто. И на темелите на тоа ќе ве вработи. Или нема!

 

КАКО РИБА ВО ВОДА: Покажете му на работодавецот дека сте прилагодливи и дека се исплати да се вложува во вас. Околината се менува брзо, па тешко опстануваат оние што не се менуваат.

 

СМИРЕНИ И ПОЛНИ СО ИДЕИ: Работодавецот не бара робот, туку идеи и нови погледи. Ако уште се додаде смиреното, “чекор по чекор” решавање на проблеми, вие сте идеален кандидат.

 

ВОДАЧ И КОЛЕГА: Наметнувањето на авторитет не е одлика на водач туку на насилник. Водењето бара препознавање на туѓите желби и насочување кон заедничка цел и успех.

 

ТИМСКИ ИГРАЧ: И најспособниот работник е потполно бескорисен ако не знае да соработува. А подредувањето на сопствените интереси со заедничките се враќа повеќекратно.

 

МУЛТИ-ТАСКИНГ: Ако докажете дека можете да работите повеќе работи одеднаш, работодавецот тоа со задоволство ќе го искористи. И ќе ве унапреди бидејќи тоа е основен квалитет на шефовите.

 

ЉУБОПИТНОСТ СО МЕРКА: Подготвеноста да учите нови работи се цени повеќе од кој било друг квалитет. Но, да се покаже интерес за работата, не треба да значи “да го пикате носот секаде”.

 

ГОВОРОТ ЈА ОДРЕДУВА КАРИЕРАТА И УСПЕХОТ: Не е толку важно да зборувате литературно, колку што е важно да се ослободите од пелтечењето и користењето на помош, бидејќи при говорот ќе оддаваат впечаток дека сте несигурни. Ако речениците ви се кратки и јасни, ќе покажете дека сте “личност од акција”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП