25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританскиот виртуелен мобилен оператор „Лајкамобил“ станува трет оператор во Македонија

Британскиот виртуелен мобилен оператор „Лајкамобил“ станува трет оператор во Македонија

lykamobil

Македонија ќе стане дел од меѓународната мрежа на британскиот виртуелен мобилен оператор „Лајкамобил“, објави компанијата на својата интернет страница.

Главна цел на новиот телекомуникациски оператор е преку ниски цени да им овозможи на македонските граѓани евтини меѓународни повици, односно поврзување со земјите ширум светот во кои „Лајкамобил“ веќе работи.

„Лајкамобил“ има повеќе од 15 милиони корисници во 20 земји каде што оперира.

По спојувањето на „Вип“ и ОНЕ во една компанија, која сега се именува само „Вип“, тие имаа и обврска да овозможат влез на пазарот на трет виртуелен мобилен оператор.

„Лајкамобил“ е компанија која е основана во 2006 година. Мрежата на „Лајкамобил“ е присутна во Австралија, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Хонгконг, САД, Тунис и Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП