13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕксперти сметаат дека цените на нафтата може да растат до 252 долари...

Експерти сметаат дека цените на нафтата може да растат до 252 долари во 2040-та

nafta555

Цената на барелот сирова нафта при погодно сценарио, би можела да достигне до 252 долари во 2040 година, сметаат експертите на независната Информативна управа при американското министерство за енергија (EIA), во најновиот извештај за ситуацијата на глобалните енергетски пазари во периодот до 2040 година.

Стручњаците разгледувале три сценарија: позитивно, негативно и реалистично. Тие во своите оцени се ориентирале на можните одлуки и однесувања од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), земјите кои се надвор од картелот, како и од движењата во глобалната побарувачка на јаглеводороди.

При позитивното сценарио, „цената на нафтата би се зголемила до 252 долари за барел во 2040 година“. Во случај на ткн негативно сценарио, според мислењето на експертите „цената нафтата би достигнала 76 долари за барел“ во споменатата година, додека при реалистично сценарио „нафтата ќе чини 141 долар за барел до 2040 година“.

Притоа, се истакнува во извештајот, потрошувачката на енергија во светот ќе се зголеми во текот на следните 25 години речиси за 1,5 пати, а тоа ќе се одвива, главно, поради развојот на економиите на азиските земји, вклучително Кина и Индија.

Во споменатиот период „потрошувачката на енергијата во светот ќе се зголеми за 48 отсто, со годишна стапка на раст од 1,4 проценти, сметаат авторите на истражувањето. Според нивните оцени, „повеќе од половината од овој показател ќе го осигурат азиските земји надвор од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), меѓу нив и Кина и Индија“. Тие ќе останат и натаму главните светски потрошувачи на нафта.

Во извештајот се забележува дека примарната потрошувачка на енергијата ќе се одвива во секторот индустриско производство. До 2040 година тоа ќе продолжи да „јаде“ повеќе од половината од целата светска енергија. Другите големи потрошувачи, се вели во документот, ќе продолжат да бидат секторите „транспорт“, со 26 отсто и „зданија“, со 21 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП