3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акцијата на „Млекара Тетово“

Блок трансакција со акцијата на „Млекара Тетово“

македонска-берза

На самиот старт од трговскиот ден во четвртокот преку блок трансакција беа истргувани 3.838 лотови од Млекара Тетово (МЛЕТ) по цена од 261 денар по акција.

Овој обем изнесува 2,57 отсто од основната главнина на друштвото, додека во изминатите 12 месеци вкупно на берзата се истргувале вкупно 1.715 лотови, а цената се движела во распон од 269 денари до 308 денари по акција.

Во рамки на редовното тргување, промет од над милион денари оствари единствено акцијата на Комерцијална банка, и тоа 1,01 милион, при што беа истргувани 633 лотови по просечна цена од 2.241 денари.

Кај другите хартии немаше изненадувања. Се тргуваше со 12 хартии, при што четири имаа пораст на цената, седум намалување, дека една хартија беше без промена на вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП