3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосово и Македонија најмногу ќе соработуваат на полето на енергетиката

Косово и Македонија најмногу ќе соработуваат на полето на енергетиката

kosovo-mak 22

За проектите коишто се од заеднички интерес на Македонија и на Косово, особено во делот на енергетиката, при што приоритетните области се веќе поставени со Меморандумот за соработка меѓу двете министерства, разговараа на денешната средба, министерот за економија Дритон Кучи и неговиот косовски колега, министерот за економски развој Блеранд Ставилеци.

„Нашите две земји веќе имаат поставено солидна основа за продлабочување на соработката со нови проекти, во интерес на граѓаните на двете земји. Во текот на средбата разговаравме за заедничките актуелни енергетски проекти, како што е втората 400 kV интерконекција Македонија – Косово, за која двете страни веќе учествуваат во изработката на Студијата за оправданост, а потпишан е и Оперативен договор помеѓу АД МЕПСО и КОСТТ, со кој се регулира соработката и координацијата на интерконективно поврзаните електропреносни системи на Македонија и Косово. За следниот период очекуваме што ќе произлезе од средбата на експертите од преносните систем оператори МЕПСО и КОСТТ и каква ќе биде динамиката на понатамошните активности“, рече министерот Кучи.

Двајцата министри се согласија околу важноста на развојот на гасоводните системи на двете земји, бидејќи согласно Физибилити студијата за гасоводен систем во Македонија со идеен проект, покрај постоечката интерконекција со Бугарија кај Деве Баир, меѓу предвидените шест дополнителни потенцијални интерконекции, е и интерконекцијата со Косово, со што ќе се зголеми сигурноста во снабдувањето со енергија, конкуренцијата во снабдувањето со енергија што може да придонесе до намалување на цената на енергентите, а со зголемувањето на користењето на природниот гас, како еколошко гориво, ќе се намалат емисиите на штетни материи во животната средина.

Министерот Ставилеци рече дека досега имало интензивна соработка меѓу двете земји, но акцентот секако е ставен на неколку проекти од интерес за двете земји, како што е проектот за втора енергетска интерконекција, од 400 kw Скопје – Косово А, а исто така, уште една линија на гас меѓу двете земји, што ќе им овозможи поврзаност со енергетската инфраструктура.

За време на посетата на Косово, министерот Кучи оствари средби и со претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, како и со министерите за инфраструктура Љутфи Жарку и за правда Хајредин Кучи. Косовските власти изразија загриженост поради состојбите во Македонија, но и целосна подготвеност да дадат институционална поддршка и помош за побрзо нормализирање на ситуацијата во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП