6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаматните стапки во Велика Британија без промена веќе 86-ти месец

Каматните стапки во Велика Британија без промена веќе 86-ти месец

funta

Нов месец, ново зачувување без промена на каматните стапки во Велика Британија. Денес англиската централна банка повторно – осумдесет и шести пат, не го промени нивото на каматите.

Тие се под ниво од 0,5% на годишна основа веќе седум години и два месеци, или од март 2008-ма година. Водечката финансиска институција во Велика Британија уште еднаш предупреди дека референдумот останува „значителниот ризик“ за британската економија.

И деветте члена на готовинскиот комитет на банката гласаа за тоа каматните стапки во земјата да бидат задржани во ниво од 0,5%. Јан МакКаферти, единствениот член кој во февруари гласаше за зголемување на каматите до 0,75%, ја промени одлуката на денес одржаната седница и гласаше како и останатите колеги.

Пазарот го очекува првото покачување на каматните стапки да се случи во 2020-та година. Многу аналитичари прогнозираат дури дека пред тоа е поверојатно да видиме намалување на каматните стапки.

Според последните податоци, инфлацијата во земјата почнува полека да се забрзува, која е во износ од 0,5%. Економијата на Велика Британија се очекува да забележи раст од 0,4% во првите три месеци од годинава.

Заедно со задржувањето на каматните стапки во земјата, Комитетот за монетарна политика гласаше исто така и за зачувување на пакетот за откуп на средства во вредност од 375 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП