26 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТри модни вечери со талентите од институтот „Изет Цури“

Три модни вечери со талентите од институтот „Изет Цури“

izet curi 33

Балконот на Музејот на современата уметност во Скопје е локацијата на која од четврток па се до сабота, ќе се одржуваат ревиите на „Mustela Ermin“, „MARKOV“ и „AMRA“ зад кои стојат талентираните студенти од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“.

Модните вечери во организација на Моден викенд Скопје ќе започнат со ревијата на брендот „Mustela Ermin“ со почеток во 21 часот.

„Жените на кои им е наменета мојата колекција се бестрашни бидејќи се соочиле со препреки и ги надминале останувајќи непоразени. Имаат самодоверба и не се плашат да привлечат внимание во јавноста носејќи смел, секси, авангареден аутфит“, вели Ира Алексовска која стои зад „Mustela Ermin“.

Наредната вечер в петок, од 20.30 часот ќе ја видиме ревијата на „MARKOV“ чија колекција претставува следствено продолжение и еволуција на креативната мисла од претходната колекција која ја прикажа лани во рамките на Моден викенд Скопје.

Новата колекција наречена „Prêt-à-porter féminin de luxe party deux“ е наменета „ За идеална жена, извор на постојана инспирација, личност која цени високо квалитетно изработени парчиња гардероба со маркантен печат во кој е застапен суптилен елемент на ексцентричност и доза на авангардност. Гардероба која има цел да го намами окото на набљудувачот, совршена не само за посебни пригоди и осмислена одлично да се вклопи со џинс и останати елементи од секојдневната гардероба. Мода наменета за храбри, урбани личности со силно изразена индивидуалност.“, вели Игор Марков за својата колекција на која работеше изминатите шест месеци под менторство на Изет Цури.

Фотографиите за пласирање на колекцијата кои ги потпишува Горан Поповски беа направени во се уште не отворениот хотел „Marriott“ во Скопје, со моделите од модните агенции „Подиум“ и „Црнокрак“.

По ревијата на „MARKOV“, посетителите ќе се забавуваат на забава закажана во „SushiCo“ во 22 часот.

Во сабота, на 14 мај, од 21 часот ќе биде претставена колекцијата на „AMRA“ поддржана од Меѓународниот институт за мода Изет Цури, Француски институт во Скопје, Амбасадата на Р. Франција во Македонија и Општина Чаир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП