6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеверен поток 2 на удар: Се бара целосно укинување!

Северен поток 2 на удар: Се бара целосно укинување!

sepotok 333

Проектот за изградба на гасоводот „Северен поток 2“ од Русија кон Европа беше остро критикуван од пратениците во Европскиот парламент. Поголемиот дел од нив бараат целосно укинување на проектот.

Удвојувањето на капацитетот на постоечките приклучоци од Русија кон северна Германија под Балтичкото море е целта за градењето на „Северен поток 2“.

Пратениците во Европскиот парламент истакна дека проектот не е во согласност со долгорочната стратегија на ЕУ за разновидност во испораката на гас, за време на дискусиите со европскиот комесар надлежен за областа на климатските промени и енергетика Мигуел Аријас Кањете во Стразбур.

Неколку пратеници тврдеа дека со „Северен поток 2“ се зајакнува зависноста од еден снабдувач. Други, исто така, тврдеа дека проектот не е еконмски оправдан и дека ги отсликува геополитичките мотиви.

Повеќето пратеници побараа од Европската комисија што поскоро да го укине проектот „Северен поток 2“.

Кањете нагласи дека проектот „Северен поток 2“, најверојатно ќе го промени моменталното уредување на пазарот на гас и дека Европската комисија контактирала со германските власти да ги достават сите неопходни факти за проценка на проектот.

Според неговите зборови, законот на ЕУ мора да биде применет и почитуван во сите аспекти од „Северен поток 2“, како и дека сите проекти треба да бидат во склад со регулативите на европскиот блок.

На чело на прокетот „Северен поток 2“ е конзорциум предводен од рускиот енергетскиот гигант „Газпром“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП