4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Корупцијата годишно голта над два отсто од светското богатство

ММФ: Корупцијата годишно голта над два отсто од светското богатство

korupcija 45

Корупцијата годишно голта повеќе од два отсто од вкупното светско богатство, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), објавен во средата.

„Корупцијата е сложен феномен што му одолева на времето“, се вели во извештајот објавен во пресрет на самитот за борба против корупцијата во Лондон, на кој ќе учествуваат шефови на држави и влади на близу 40 земји.

На мито секоја година се трошат меѓу 1.500 и 2.000 милијарди долари, што е речиси еднакво на бруто домашниот производ на Франција, се наведува во извештајот.

Исто така, наведено е дека културата на корупцијата го поттикнува избегнувањето на плаќање данок, води кон насилство и граѓански војни чии последици се катастрофални и предизвикуваат трајна макроекономска нестабилност.

„Сиромашните земји се најголеми жртви на корупцијата, бидејќи зависат од секторот на јавните услуги“, предупреди директорката  на ММФ, Кристин Лагард.

ММФ неодамна заради системска корупција ја запре помошта за Украина, Малави и Мали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП