6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБРД има инструменти за справување со идните предизвици

ЕБРД има инструменти за справување со идните предизвици

ebrd

Европската банка за обнова и развој(ЕБРД) има инструменти да се соочи со предизвиците во иднина и да ги забрза започнатите реформи во регионите во кои работи, соопшти претседателот на банката Сума Чакрабарти.

„Опкружувањето се менува побрзо од било кога, но подготвени сме да се соочиме со влијанието на тие промени во повеќе од 30 земји во кои работиме“, рече Чакрабарти во воведното обраќање на отворањето на традиционалната годишна конференција на ЕБРД во Лондон.

Тој наведе дека неколку земји во ЕБРД регионот презеле реформски чекори во секторите енергетика и инфраструктура.

Чакрабарти го спомена и влијанието на факторите како што се геополитичката несигурност, побавниот раст на пазарот во развој, што може да влијаат врз регионот во кој ЕБРД работи.

Првиот човек на ЕБРД ги спомена и факторите како климатските промени, демографските нееднаквости, различните погледи на глобализацијата, слободниот пазар и демократијата, кои исто влијаат врз земјите и тоа често на поинаков начин.

Тој рече дека во минатите 25 години оваа банка инвестирала над 105 милијарди евра во 4.500 проекти во 37 земји во кои работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП