6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген го враќа стариот менаџмент и покрај скандалот

Фолксваген го враќа стариот менаџмент и покрај скандалот

Germany Volkswagen Shares

Одборот на директори на Фолксваген препорача акционерите формално да ја одобрат  работата на минатогодишниот тим за висок менаџмент на ова компанија, без оглед со скандалот со лажираните тестови.

Препораката претставува дел од дневниот ред на годишниот состанок на акционерите на компанијата, закажан за 22 јуни.

Гласањето да се одобри работата на менаџментот е во главно формалност на годишните состаноци во Германија.

Претставниците на Фолксваген соопштија дека Одборот донел одлука врз основа на податоците на засега недовршената истрага на американската правна фирма Jones Day.

Како што е наведено, засега не е утврдено „сериозно искажување на повреда на должноста“ на менаџментот.

Резултатите на истрагата ќе бидат објавени до крајот на годината.

Скандалот избувна есеноска во САД, кога беше обелоденето дека Фолксваген во дизел автомобилите вградувал софтвер за мамење на тестовите на емисијата на штетни гасови.

Благодарејќи на тој софтвер, автомобилите ги минувале тестовите за емисија во лабораторија, но на патиштата произведувале значително поголемо загадување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП