6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAxel Springer го зголеми профитот за шест пати

Axel Springer го зголеми профитот за шест пати

aleks 335999

Германскиот медиумски гигант „Axel Springer SE“ објави пораст на добивката во првиот квартал со повеќе од шест пати, поради силното дигиталено претставување на бизнисот, соопшти „Marketwatch“.

Профитот на компанијата со седиште во Берлин порасна во кварталот до 203,2 милиони евра од 31,5 милиони евра една година порано. Профитот е стимулиран од еднократните настани, како преместување на швајцарските весници кон ново заедничко вложување и продажбата на акциите на индискиот сајт за автомобилски цени „CarWale“.

Приходите се зголемени за 4,6% до 783,4 милиони евра.

Дигиталниот бизнис на компанијата се претстави исклучително добро во кварталот, зголемувајќи го својот удел до 67% од вкупните приходи и 72% од профитот.

„Постигнавме добар напредок во исполнувањето на проектите за дигитален раст“, изјави извршниот директор на издавачката куќа Матијас Дофнер, додавајќи дека корисниците на компанијата достигнуваат 200 милиони луѓе во светот.

Познат по своите весници „Bild“ и „Die Welt“, во последните години „Springer“ излезе на пазарот на дигиталните медиуми и рекламата со посебен фокус на САД.

Меѓународниот бизнис на издаваштвото формира 48% од вкупните приходи во првиот квартал на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП