6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit драстично го намалува бројот на вработени

UniCredit драстично го намалува бројот на вработени

unicredit-banca-324

Италијанската банка „UniCredit“ ќе го намали бројот на вработени за повеќе од 2.000во Австрија, тврди австрискиот весник „Prese“.

Весникот, повикувајќи се на разговорот на италијанскиот синдикат и Управата на „UniCredit“, наведува дека до 2018 година во Австрија оваа банка ќе го намали бројот на вработени за 2.045.

„UniCredit“ донесе одлука за програмата за штедење, која предвидува намалување на бројот на вработени, ширум концернот, за 18,200 лица.

Во централата на „UniCredit“ намалувањето на бројот на вработени ќе изнесува 17 проценти, а во филијалите девет проценти.

При намалувањето на бројот на вработени, „UniCredit“ сака да ги избегне отказите, но бидејќи природната флуктуација на вработените нема да биде доволна за остварување на целите, предвидени се понуди за доброволно заминување.

Инаку, во Австрија „UniCredit“ вработува околу 7.000 лица, а дополнителни 2.000 се вработени во компанијата-ќерка „Ubis“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП