30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе „топи“ германската средна класа

Се „топи“ германската средна класа

Mittelschicht

Уделот на германската средна класа од вкупниот број на населението се намалува во периодот 1983-2013 година од 62 отсто до 54%. Ова го покажува истражувањето спроведено од Германскиот институт за економски истражувања (DIW), на кое ексклузивност има економското списание „WirtschaftsWoche“.

„Средната класа се намалува со истото силно темпо во Германија, какво што има и во САД. Не можеме да си дозволиме да има се повеќе и повеќе луѓе кои отпаѓаат од средната класа“, вели Марсел Фратчер, претседател на „DIW“.

Според истражувањето, кое се базира на податоци на германскиот социоекономски панел, горниот и долниот слој на населението во однос на приходите се зголемува во испитаните три децении, односно со по четири процентни поени. Поконкретно, уделот на социјално послабата група од населението се зголемува од 29 до 33 проценти, а процентот на лицата со висок приход се зголемува од 9 до 13 проценти.

И распределбата на бруто приходот се менува во текот на периодот на истражувањето. Додека во 1983-та година лицата со високи примања се уште поседувале 21 проценти од вкупните агрегација на приходи, тогаш во 2013-та година овој процент е веќе 34 отсто, проценуваат експертите на „DIW“.

Уделот на средната класа од вкупниот приход се намалува од 69 проценти во 1983-та година до 55 проценти во 2013-та година, а процентот на социјално слабите во исто време расте само малку од 10 отсто до 11 отсто.

„Ако средната класа се намалува, тоа и штети на германската економија“, коментира Фратчер во врска со овој развој.

Кон средната класа според методологијата на „DIW“ спаѓаат оние домаќинства кои пред одбивање на даноците и социјалните трансфери заработиле над 67% и под 200% од просечните примања. За четиричлено семејство тоа вклучува приходи во опсег од 2.780 до 8.300 евра бруто месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП