11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВодечките 10 менаџери на хеџ фондовите лани заработиле над 10 милијарди долари

Водечките 10 менаџери на хеџ фондовите лани заработиле над 10 милијарди долари

hedz

Групата од 10 водечки менаџери во американските хеџ фондови минатата година заработила повеќе од 10 милијарди долари откако на своите компании им обезбедиле огромни профити во услови на големи осцилации на финансиските пазари, покажува извештајот на списанието Алфа магазин.

Првото место на табелата по заработени 1,7 милијарди долари во само една година го делат Кенет Грифин од фондот Citadel и Џејмс Симонс од Renaissance Technologies, покажува годишната листа на американското списание.

Износот од милијарда долари го надминаа и Рејмонд Далио од Bridgewater Associates и Дејвид Тепер од Appaloos Management, кои заработиуле по 1,4 милијарди долари, како и Исраел Енглендер од Millennium Management со заработени 1,15 милијарди долари.

Авторите на текстот ги наведуваат и имињата на истакнатите менаџери кои оваа година не се појавија на пописот, вклучувајќи го и Џон Полсон од Paulson & Co., Леон Купермен од Omega Advisors и Даниел Леб од Third Point. Нивните фондови минатата година завршиле со загуба, напомнуваат во Алфа магазин.

Меѓу 10-те водечки не се ниту Нелсон Пелц, како ниту Бил Акман.

Просечната вредност на заработката на 25 директори на фондовите во 2015 година изнесуваше 275 милиони долари, што е најмал износ во последните пет години.

Околу половина од сите хеџ фондови ја заклучиле минатата година со загуба, вклучително и S&P 500, кој претходните три години ги заклучи во плус, напомнуваат во Алфа магазин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП