29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските туристи лани потрошиле 292 милијарди долари

Кинеските туристи лани потрошиле 292 милијарди долари

중국 국경절 연휴가 시작되는 1일 우리나라를 찾은 중국관광객들이 인천국제공항 입국장에 도착해 이동하고 있다. /영종도=박서강기자 pindropper@hk.co.kr

Според податоците на Обединетите нации, кинеските туристи трошат најмногу пари во странство, а вкупната сума достигнала дури 292 милијарди долари.

На второ место се туристите од САД, кои потрошиле 120 милијарди долари во 2015 година.

Германските туристи потрошиле 76 милијарди долари, туристите од Велика Британија 63 милијарди, Французите 38 милијарди, а патниците од Јужна Кореа, 25 милијарди долари.

Руските туристи ја намалиле потрошувачката во странство за 30 отсто, а единствена дестинација на која оставаат многу пари е Тајланд, каде портошиле речиси две милијарди долари.

Во 2015 година Русите значително ја намалиле потрошувачката во странство, а вкупната потрошувачка за сместување, храна, забава, шопинг и останати добра и услуги во другите земји изнесува вкупно 35 милијарди долари.

Како што наведува Светската туристичка организација на ОН, Русија во 2015 година го зазела шестото место во светот по потрошувачка во странство, едно место подолу од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП