3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНасочување кон граѓаните и развој, цели на новите сопственици на „Алфа банка“

Насочување кон граѓаните и развој, цели на новите сопственици на „Алфа банка“

silk road 33

Насочување на банкарските продукти кон граѓаните, како и кон малите, средни и микро компании се меѓу плановите коишто денеска ги најавија новите сопственици на „Алфа банка“ во Македонија, досега филијала на грчката „Алфа банка“ во Македонија, откако од минатиот петок целиот акционерски капитал на „Алфа Банка АД Скопје“ беше купен за 1,2 милиони евра од „Silk Road Capital“ во сопственост на Швајцарецот со пакистанско потекло Анисур Кан.

Компанија е во сопственост на приватен инвеститор од Швајцарија, чија главна дејност е инвестирање во финансискиот сектор во регионот и, како што велат, тоа успешно го прави во последниве 12 години, вклучувајќи и една претходна инвестиција во локална банка. Банката со новиот сопственик ќе продолжи со редовно работење, додека трговската марка на „Алфа Банка“ ќе се користи, за еден одреден период, во согласност со привремениот договор за користење на лиценциите, најави Кан.

Кан претставувајќи се на прес-конференцијата во Скопје рече дека има големо банкарско искуство и во земјите во регионот, како и во светот. Банката ќе се преименува веднаш во „Силк роад банка“, а менаџментот целосно ќе се промени во период од три месеца, кога ќе почне и процесот на ребрендирање на картичките, на филијалите, но не прецизираше дали ќе остане истиот број на вработени.

„Во банкарска смисла постоеше свет пред 2008-ма и по 2008-ма година. Претходно работевме и имавме добри трансакции, но по кризата ова ситуација се промени. Еве и во Македонија немало банкарска трансакција во последните десет години. Никој не сака да инвестира во банки, сега тоа се смета за ризик. Инвестицијата овде ја сметаме за добра и се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри и покрај тоа што Алфа банка во последните шест години работи со загуба“, рече Кан.

Сепак, додаде дека во македонската банка ќе имаат ниска структура на трошоци и очекува за периодот од шест месеци да се видат првите резултати од ангажманот на новиот раководен кадар кој се зајакнува со искусниот швајцарски банкар Ралф Шнебели.

„Нашата стратегија е да го зајакнеме банкарското работење. Ќе воведеме нов информативен систем и ќе вградиме швајцарски модел на работење на банката со воведување нови процеси и пренесување на дел од бизнисот од швајцарската банка кој се однесува на меѓународното работење. Ќе се обидеме, по шестгодишно работење со загуба, оваа банка да ја кренеме за краток период“, додаде Кан.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со мислењето  во јавнсота дека испалтената сума е ниска, тој рече дека не смета оти сумата за која е купена „Алфа банка“ е ниска, а своето тврдење го образложи со податоци дека дел од грчките банки во регионот се распродаваат буквално без пари и го посочи промерот во соседна Бугарија каде што локаланта подружница на оваа грчка банка е продадена за едно евро.

На прес-конференцијата беше претставен и Ралф Шнебели, кој најверојатно набрзо ќе биде предложен за прв директор. Тој повикувајќи се на своето, како што рече, долгогодишно искуство во банкарскиот и маркетинг секторот, оцени дека во Македонија има потенцијал за раст на банкарскиот сектор, а дека во Алфа банка има добра основа за развој.

Шнебли, како што рече, ќе работи на свеста на клиентите. „Ќе се обидеме да ја промениме практиката и односот кон клиентите. Тие ќе бидат услужени веднаш, а со воведувањето на иновациите ќе придонесеме за подобрување на банкарската клима“ посочи Шнебли.

Името Алфа банка ќе се користи уште најмалку три месеца, бидејќи така е договорено со грчката страна. Трансферот на сите други услуги со новото име ќе оди постепено, без никакви промени за граѓаните и компаниите. Како што вели, сакале банкарството да стане меко како свила, како што кажувало и името на фондот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП