1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија се задолжи со кредит од 500 милиони долари од Русија

Србија се задолжи со кредит од 500 милиони долари од Русија

srbija-kredit

Русија и одобри кредит од 500 милиони долари на Србија, од кој првата транша во висина од 300 милиони долари ќе биде доставена во најбрзо време, а втората откако Србија ќе склучи договор за стабилизација со Меѓународниот монетарен фонд, соопшти рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Договорот за кредитот е потпишан денеска од министрите за финансии на двете земји, Антон Силуанов и Млаѓан Динкиќ во присуство на премиерите Дмитриј Медведев и Ивица Дачиќ. Кредитот е наменет за пополнување на државниот буџет на Србија за оваа година. Рокот за отплата на кредитот е 10 години, а каматата изнесува 3,5 процетни, јави Танјуг.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денес и утре е во посета на Москва, каде ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин и други високи службени лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП