5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСовети кои ќе ви дадат елан и мотивација да продолжите да се...

Совети кои ќе ви дадат елан и мотивација да продолжите да се борите

bigstock-Yes-You-Can-40824937-300x200

Успешните луѓе во светот ви откриваат совети кои им помогнале во бизнисот…овие совети ќе ви дадат елан и мотивација за да продолжите да се борите….

Повеќето луѓе сакаат да успеат во својот бизнис и тоа е природна работа во светот.

Експертите смеаат дека најуспешните луѓе во светот, едноставно поинаку гледаат на животот и светот, а токму тие погледи им овозможуваат да се искачат на врвот од скалата на успехот.

Не жалете за ништо

Ова е совет од познатиот бизнисмен Ричард Бренсон, сопственик на „Virgin Group“. Тој вели дека не треба да жалите за ништо во животот, вложете го максималниот труд без оглед колку пати сте изгубиле, ќе дојдат и вашите пет минути.

Можете да постигнете се што ќе посакате

Целокупниот успех и кариера на најпознатата и најбогатата домаќинка Марта Стјуарт се резултат од овој совет. Таа кога имала 12 години го слушнала овој совет од нејзиниот татко, „Тој ми кажа дека можам да постигнам се што сакам ако целосно му се посветам на тоа. Се покажа дека тоа е вистина, барем во мојот случај тој совет многу ми помогна“, открива таа.

Кога од некого сакате нешто, мора да му дадете нешто за возврат

Дејв Керпен, извршен и главен директор на компанијата „Likeable Local“ вели дека овој совет е најдобриот совет што може некој да ви го даде. Работите навистина така функционираат во деловниот свет, на некој кој има потреба од нешто, доколку сте во можност дадете му го тоа, и не барајте ништо за возврат, подоцна кога вие ќе имате потреба од нешто, тоа ќе биде првата личност која ќе ви го даде тоа што навистина ви треба.

Не треба да бидете перфекционисти

Многумина мислат дека треба да бидат совршени, но јас сметам дека тие токму во тоа грешат. Никој не е совршен и тоа треба да се прифати, од несовршеноста извираат чуда, вели Илаја Позин, основач на компанијата „Ciplex“.

Поразите не се важни

Николас Томпсон, уредник во престижниот „The New Yorker“ вели дека овој совет му помогнал да ги надмине сите порази кои му се случиле во животот, „Доколку се фокусирате на лошите работи, тие ќе ви се случуваат постојано“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП