6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и донираа опрема на македонската Царина вредна 52.500 долари

САД и донираа опрема на македонската Царина вредна 52.500 долари

oprema 33

Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија,  на Царинската управа и врачи опрема – пет видеоскопски инспекциски системи наменети за спречување на незаконско тргување со стоки, во вредност од 52.494,72 американски долари.

Станува збор за опрема која се користи во секојдневното работење на царинските службеници и значително придонесува за остварување на добри резултати во борбата против прекуграничниот криминал, со оглед дека софистицирана и модерна опрема е од примарно значење за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет во  откривање и  спречување на недозволена трговија и заштита на границите.

Во изминатите десетина години преку Програмата EXBS, на Царинската управа Aмбасадата на САД ѝ донираше оперативна опрема во вредност од околу 2 милиони американски долари, заедно со обуки за користење на истата, кои имаат за цел да го унапредат целокупното царинско работење и да придонесат за  постигнување на подобри резултати, во насока на олеснување на меѓународната трговија и безбедноста на општеството.

Имено, од почетокот на 2016 година до сега, со помош на опремата донирана во рамките на  Програмата EXBS, царинските службеници меѓудругото пронајдоа и запленија 4.536 парчиња разни лекови, 25.000 евра, 28 кг марихуана, 60 мл масло од канабис, 24.700 парчиња цигари и 114 кг тутун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП