8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцискиот план за проектот Отворено владино партнерство влегува во втора фаза

Акцискиот план за проектот Отворено владино партнерство влегува во втора фаза

akciski0000

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во средата го организираше вториот јавен настан ,,Отворено владино партнерство (ОВП) – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018”, чија цел е подготовка на втора нацрт верзија на Акцискиот план за ОВП за периодот 2016-2018, во соработка со граѓанските организации (ГО).

На овој начин се овозможи простор за дискусија меѓу ГО и владините институции за новите предлог-мерки кои произлегоа од консултативниот процес спроведен на порталот www.e-demokratija.mk.

ОВП е глобална иницијатива која служи како платформа за домашните реформатори кои се посветени да ги направат своите влади поотворени, отчетни и пресретливи за граѓаните. Република Македонија пристапи кон ОВП во 2011 година и во тек е подготовката на третиот двогодишен акциски план кој се развива во тесна соработна со граѓанското општество.

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска нагласи дека МИОА е во целост посветено на овој процес и ги охрабри сите страни на продуктивна работа и предлагање ефикасни предлог – мерки. Од друга страна, постојаната координаторка на Обединетите нации и постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите Нации, Луиза Винтон посочи дека процесот на ОВП оди рака под рака со спроведувањето на одржливите развојни цели, особено во поглед на целта бр. 16 – Мир, правда и силни институции.

Во септември 2015-та година, Управниот одбор на ОВП ја потпиша заедничката декларација што ги обврзува владите вклучени во ова партнерство, да го искористат ОВП како платформа за постигнувањето на Одржливите развојни цели (ОРЦ) од Агендата на ОН за одржлив развој 2030. Вклучувањето на ОРЦ во Акцискиот План за ОВП 2016-2016 беше важен дел од денешната работата на шесте работни групи, формирани за подготовката и спроведувањето на овој акциски план. Македонија е прва земја во регионот што спроведува активности за спојувањето на ОВП и ОРЦ, а оваа добра практика ќе се сподели со релевантните чинители од регионот.

Околу 120 претставници од ГО и јавни институции во средата работеа поделени во шест работни групи со цел подготовка на ефективни мерки со трансформативно влијание за новиот акциски план за ОВП 2016-2018. Начинот на кој се подготвува овој акциски план е добар пример на партиципативно креирање политики кој може да послужи и за сите други консултативни процеси. Предлог Акцискиот план ќе влезе во процедура за усвојување од Владата на РМ кон крајот на овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП