12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзан растот на глобалната економија

Забрзан растот на глобалната економија

svet

Глобалната економската активност бележи забрзување, особено во САД и Јапонија, соопштуваат од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Водечките економски индикатори (ЦЛИ) говорат дека за Кина сега постои „повеќе позитивна перспектива во однос на минатиот месец“, се додава во соопштението на ОЕЦД, пренесува агенцијата Франс Прес.

Во 17-члената еврозоната, а особено во Германија, индикаторите исто така „продолжуваат да укажуваат на забрзување на растот“.

Се очекува дека Бразил, Британија, Канада и Русија ќе остварат раст кој е блиску до нивните тековни трендови, додека ЦЛИ за Индија укажува на забавување на рaстот, додаваат од ОЕЦД.

ОЕЦД изработува економски податоци за 33 водечки светски економии и за уште шест земји кои не се членки на оваа организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП