20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBudweiser го менува своето име во ... America

Budweiser го менува своето име во … America

amer 33

Kомпанијата, производител на популарното пиво во САД, „Budweiser“ презема генијална, макар и потенцијално апсурдна промена на брендот, коментира „Fast Company“. Taa ја задржува формата на познатата лименка, но менува нешто суштинско за време на летото, а тоа е поконкретно име: од „Budweiser“ на … „America“.

„Сметаме дека нема ништо посвето од „Budweiser“ и нема ништо посвето од „America““, вели Тош Хол, директор за брендирање во компанијата производител на лименката – „JKR“.

Мотивите за одлуката на „Budweiser“ се прилично очигледни. Летото е најдобрата сезона од гледна точка на продажбата на пиво, па целата индустрија предвиде двоцифрен раст.

Од 2011-та година „Budweiser“ претставува специјални летни лименки кои вклучуваат слики, како американското знаме или Статуата на слободата, истакнувајќи празници како „Четврти јули“ или едноставно „Потсетувајќи за американскиот сон“.

Оваа година, сепак компанијата „Budweiser“, која всушност е белгиска, дури прави и чекор подалеку. Летните лименки и шишиња ќе бидат на пазарот до изборите во ноември – т.е. седум месеци, па секој „Budweiser“ во САД ќе се вика „America“.

Овој чекор веќе предизвикува шеги меѓу медиумите и социјалните мрежи, а некои корисници дури нудат послабата варијанта на пивото – „Bud Light“ да се вика „Canada“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП