4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИЕДЦ натпревар во бизнис студија на случај 2016

ИЕДЦ натпревар во бизнис студија на случај 2016

iedec444

Дводневниот натпревар во бизнис студија на случај 2016 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент, започнува денеска.

Натпреварот помеѓу компании од Република Македонија во решавање на бизнис случај има за цел промовирање на бизнис образованието и конкурентноста на компаниите, а е од огромна важност за секоја компанија која има за цел да остане на врвот на бизнисот и цели кон постојано унапредување на сопствените вработени и менаџери да се едуцираат и стекнат нови вештини и знаења да се развијат во препознатливи бизнис лидери.

Овој натпревар се организира 4та година по ред, а овогодишни учесници се шестчлени тимови кои ги претставуваат компаниите НЛБ Тутунска банка, Бритиш Американ Тобако, Бионика Фармацеутикалс, ИТ ГМА, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Натпреварот се состои од бизнис случај кој се анализра и потоа се прави презентација на предлог решение. Натпреварот за бизнис студија на случај секогаш се занимава со реални компании и со реални проблеми или предизвици.

Целта на овој натпревар е зајакнување тимскиот дух во самите компании, поттикнување на нивната иновативност, како и да им се помогне на вработените да изнајдат сопствени креативни и иновативни решенија за актуелните бизнис предизвици.

Ментор на целата оваа активност е реномираниот професор по менаџмент и бизнис етика, како и проектен и академски директор на МБА студиите во рамките на ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент, Д-р Ненад Филиповиќ. Од него, тимовите ќе имаат можност да добијат корисни совети и препораки при анализирањето и решавањето на бизнис случајот.

Наградата за победничкиот тим е учество на еден од изборните МБА курсеви во ИЕДЦ-Блед школа за менаџмент во вредност од 9.000 Евра. Победниците ќе ги измерат силите против победничките тимови од другите држави во Глобалниот натпревар на ИЕДЦ за студии на случај (Хрватска, земјата во која пред шест години се роди целата идеја, Словенија, Србија, Молдавија, Бугарија и Романија). Тимот кој ќе победи на својата земја, исто така, добива право да се квалификуваа и за Глобалната Студија на случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП