18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книги за деца од Жаклина Михајлова

Промоција на книги за деца од Жаклина Михајлова

zaki

Промоција на книгите за деца „Златенца“ и „По утрото денот се познава“ од Жаклина Михајлова, во издание на „Матица македонска“, ќе се одржи во мултимедијалниот клултурен центар „Матица екслузив“.

За најновите книги на поетесата ќе говори познатиот македонски писател Стојан Тарапуза.

Жаклина Михајлова е автор поетски книги и на практикуми за изучување на македонскиот јазик, наменети за децата на македонската дијаспора. Живее и твори во Сиднеј, Австралија и спаѓа во редот на истакнатите афирматори на македонската култура и историја.Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Центарот на писателите на Нов Јужен Велс од Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП