10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМузеум-линк ќе поврзе 15 македонски музеи

Музеум-линк ќе поврзе 15 македонски музеи

muzej-muzei

Музеите од повеќе градови во Македонија ќе соработуваат во насока на меѓусебна поддршка и збогатување на културната понуда.

Во изложбениот Салон 1 на Музејот на град Скопје, во среда напладне ќе биде промовиран почетокот на проектот МузеумЛинк 2016, кој ќе собере на едно место повеќе музејски институции од Република Македонија, кои меѓусебно ќе се помагаат и со заеднички проекти и иницијативи во 2016 година ќе го збогатат културното живеење во повеќе македонски градови.

На заедничката презентација македонската јавност ќе биде запозната со започнатите активности на овој проект, меѓународните и домашните изложби кои ќе бидат презентирани во повеќе македонски градови, како и дел од конкретните датуми во кои заљубениците во уметноста ќе имаат можност да ги проследат изложбите токму во своето место на живеење. Во исто време, музеите ќе информираат и за заедничките иницијативи и проекти за развојот на музејската дејност и одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, 18 мај.

Во различни делови на иницијативата започната од Музејот на град Скопје, досега се влучени Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј на Штип, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Битола, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, Музејот на Тетовскиот крај од Тетово, Народниот Музеј од Велес, Музејот на град Неготино, Музејот на Кавадарци, Музејот од Куманово, Народниот Музеј од Свети Николе, Музејот на град Кратово, Градски Музеј на Крива Паланка, Музејот на град Виница, Музејот на Гевгелија, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј –Прилеп и други институции.

Оваа соработка претставува продлабочување на проектот АртЛинк 2016, кој во Музејот на Град Скопје ги собра претставниците на десет универзитети и факултети од Македонија кои ги изучуваат креативните уметности, поврзувајќи ги меѓусебно и со повеќе изложби, работилници и уметници од европските земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП