24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките со зголемен обем на тргување на Македонска берза

Банките со зголемен обем на тргување на Македонска берза

makedonska-berza-berzi-zvonce

На Македонската берза за хартии од вредност во вторникот се тргуваше со 14 хартии, прометот изнесуваше 5,7 милиони денари преку 44 трансакции.

Најтргувана беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со промет од 1,8 милиони денари, односно 364 лотови, по цена 5.000 денари, што претставува 30 отсто од вчерашниот вкупен промет.

Во вторникот за инвеститорите беа интересни акциите на банките, откако во вторникот беше објавено дека е продадена Алфа Банка, при што според прометот се издвоија акциите на Унибанка (788 илјади денари), НЛБ Тутунска банка (672 илјади денари), Комерцијална банка (633 илјади денари) и Охридска банка (625 илјади денари).

Тргувањето со обврзниците беше во минимален обем, односно само 86 илјади денари при што трансакции имаше со РМДЕН10 и РМДЕН13.

Индексите МБИ10 и ОМБ завршија со негативен предзнак и тоа за 0,36 отсто и 0,17 отсто соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП