4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата растат поткрепени од вестите од Канада и Нигерија

Цените на нафтата растат поткрепени од вестите од Канада и Нигерија

nafta 220

Цените на нафтата на светските пазари во попладневното тргување во вторникот продолжуваат со активниот раст поткрепени од вестите за падот на понудата од Канада и од Нигерија.

Според состојбата на пазарите во 19 часот по македонско време, на лондонскиот пазар цената на барелот северноморска смеса нафта од марката Brent за испораките во јули скокнала за 3,48 отсто, до 45,16 долари. На американскиот пазар, пак, сировата нафта од марката WTI ја зголеми цената за 2,07 отсто, на 44,34 долари.

Големите пожари во канадската покраина Алберта, во регионот во кој се црпи нафта од песок, кои избувнаа на почетокот од мај, принудија редица канадски компании да го намалат производството на „црното злато“. Тоа доведе до намалување на канадското производство на нафтата на околу 2,5 милиони барели дневно, пренесува Reuters повикувајќи се на свои податоци. Според аналитичката компанија „Energy Aspects“, производството е намалено за 1,6 милиони на дневно ниво.

Покрај во Канада, производството на нафта е намалено и во Нигерија, најголемиот производител во Африка. Беше објавено за голем напад врз нафтена платформа на американската компанија „Chevron“ во делтата на Нигер. Од безбедносни причини и „Royal Dutch Shell“ и „Chevron“ одлучија да ги евакуираат работниците од своите постројки во овој вообичаено немирен регион. Како што проценува Reuters, поради тоа нигериското производство на нафтата паднало на најниското ниво во последните 22 години.

Вниманието на учесниците на нафтените пазари во вторникот, исто така, го привлече и изјавата на челникот на компанијата „Saudi Aramco“, Амин Насер, кој претходно во текот на денот изјави дека побарувачката на нафтените пазари расте, и оти во 2016 година ќе се зголеми на 1,2 милиони барели дневно.

Овие информации во втор план ја турнаа загриженоста на инвеститорите од растот на резервите на нафта во САД. Според прогнозите на аналитичарите, тие се искачиле на рекордното ниво над 543 милиони барели. Податоците на Американскиот институт за нафта (API), пак, се очекува да покажат раст од 1,5 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП