29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарски град воведе плаќање со биткоин

Швајцарски град воведе плаќање со биткоин

bitkoini444541

Швајцарскиот град Цуг стана првата општина којашто ја прифаќа дигиталната валута биткоин како средство за плаќање во административните работи.

Градската администрација одлучи дека од 1-ви јули граѓаните со биткоин ќе можат да ги плаќаат за административните услуги во вредноста до 200 франка.

„Ова е првпат во светот дека некоја владина институција да го прифати биткоинот како средство за плаќање“, пренесува весникот Neue Zuericher Zeitung.

Цуг, градот со 30 илјади жители, на крајот од годината планира да се разгледува дали ќе го прошири плаќањето со дигитална валута и на другите подрачја.

Последните години повеќе од 15 компании од дигиталниот финансиски сектор покренаа дејствување во околината на Цуг. Регионот медиумите го нарекуваат „Крипто долина“, според примерот на калифорниската технолошка Силиконска долина, поради криптирањето на податоци за сигурните финансиски трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП