18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСимфони солушнс отвори фирма во Скопје

Симфони солушнс отвори фирма во Скопје

simfoni

Симфони солушнс, холандската ИТ компанија за висококвалитетни софтверски решенија, од вторник, почна официјално со работа во Македонија, а засега вработува триесетина ИТ експерти.

До крајот на следната година се планирани околу 200 вработувања, во македонската фирма на Симфони солушнс, која има свои развојни центри во Украина и Полска.

Нејзините главни клиенти се од западноевропските земји, САД и Канада, а асопственикот на компанијата, Тео Шифник рече дека ова е особено важен ден за него и оти тој се поклопува со Денот на Европа – 9 Мај, а Холандија, од каде што доаѓа, во моментот претседава со Европската унија.

Компанијата има околу 3.000 вработени и тоа најмногу во Украина, имаат канцеларии и во Полска.

Шифник најави и нови канцеларии на Симфони Солушнс, како што рече, во близина на реката Вардар, кои ќе посетуваат на познатото Амстердам гранд кафе.

„Многу бев изненаден од големиот број висококвалификувани студенти и искусни професионалци во ИТ­секторот. Македонија е се уште неизбрусен дијамант во однос на ИТ­ секторот којшто е многу важен за инвестирање и за развој на една држава, а тоа ќе значи голем бум за Македонија“, рече Шифник.

Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески на промоцијата на инвестицијата истакна дека како резултат на владините политики за привлекување на странски инвестиции, последните години се бележи и континуирано зголемување на странски инвестиции и во информатичкиот сектор.

„Оваа инвестиција е уште една потврда дека Македонија има голем потенцијал што придонесува за атрактивноста на земјата да привлече други компании од оваа индустрија“, рече Павлески.

На промоцијата на инвестицијата присиствуваа и премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев и лидерот на ВМРО­-ДПМНЕ Никола Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП