12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка АД Скопје станува НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Тутунска банка АД Скопје станува НЛБ Банка АД Скопје

nlb bankatra2

НЛБ Тутунска банка АД Скопје заокружи уште една во низата успешни години, со највисоко остварена нето добивка до сега од 13,5 милиони евра.

НЛБ Тутунска банка АД Скопје ги објави резултатите на Годишното акционерско собрание, кое се одржа денеска.

„Заокружувајќи 30 години од основањето и работењето, НЛБ Тутунска банка во 2015 година ги исполни и ги надмина планираните цели во делот на остварената добивка, вкупната профитабилност, трошочната ефикасност и солвентноста, традиционално завршувајќи ја годината како една од најпрофитабилните и најстабилните банки во Македонија“, се вели во соопштението.

Банката во 2015 година, оствари нето добивка во износ од 13,5 милиони eвра што претставува пораст од 23,7% во однос на минатата година и поврат на капиталот од 14,7%. Вкупната актива на Банката достигна 1.126,8 милиони eвра, додека учеството на нефункционалните пласмани на крајот на годината се намали на 7%.

Растот на активата на НЛБ Тутунска банка, беше предводен од органскиот раст на депозитната база, како и на зголемената кредитна активност на Банката. Депозитите од населението се зголемени за 7% во однос на минатата година додека од компаниите за 11%. Кредитните активности на Банката се зголемија за 12,9% при што бруто кредитите се зголемија за 15,6%кај населението и 9,8% кај претпријатијата.

Како признание за успешните резултати од работењето, НЛБ Тутунска банка по осми пат беше прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2015 година од страна на угледниот финансиски магазин „The Banker“, со што Банката стана најнаградувана банка од Република Македонија.

На Собранието на акционерите, беше одлучено 70% од остварена добивка од 2015 година или 9,4 милиони евра да се исплати како дивиденда за акционерите, што претставува 11 евра по акција.

Останатите 30% или 4,1 милиони евра ќе се задржат за инвестиции во основни средства, што ќе овозможи понатамошен развој и проширување на традиционалните и електронските продажни канали, раст на кредитните активности, висока ликвидност и висока адекватност на капиталот.

Согласно Стратегијата на ниво на НЛБ Групацијата, името на НЛБ Тутунска банка АД Скопје се менува во НЛБ Банка АД Скопје, во насока на унифицирање и регионално јакнење на брендот НЛБ.

Унифицирањето на името се однесува на сите членки на НЛБ Групацијата и има за цел да ја покаже поголемата посветеност на НЛБ Групацијата во регионот, целосната достапност на вредностите на НЛБ брендот до клиентите и целосно преземање на одговорноста за работењето на сите пазари, вклучително и македонскиот.

На Собранието на акционерите на НЛБ Тутунска банка, беше усвоена и Деловната политика на Банката за 2016 година, како и Стратегијата за следниот петгодишен период, која е фокусирана на сегментите микро, мали и средни претпријатија и населенито. Банката интензивно ќе работи на дигитализација на процесите, во насока на полесна достапност до услугите и нови функционалности на платните системи, како и на развој на иновативни продукти и понуда на небанкарски услуги“, информираат од Банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП