2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Алфа Банка АД Скопје“ станува „Силк Роуд Банка АД Скопје“

„Алфа Банка АД Скопје“ станува „Силк Роуд Банка АД Скопје“

ALPHA-BANK-ALBANIA

На 9 мај 2016 година, целиот акционерски капитал на „Алфа Банка АД Скопје“ се купи од страна на „Silk Road Capital“ („Силк Роуд Кепитал“), по добивањето на сите потребни дозволи од регулаторните тела.

Купувач е компанија во сопственост на приватен инвеститор од Швајцарија, чија главна дејност е инвестирање во финансискиот сектор во регионот и тоа успешно го прави во последниве 12 години, вклучувајќи и една претходна инвестиција во локална банка.

Банката со новиот сопственик ќе продолжи со редовно работење, додека трговската марка на „Алфа Банка“ ќе се користи, за еден одреден период, во согласност со привремениот договор за користење на лиценците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП