7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: Секоја фирма да вработи по еден невработен, така ќе ја решиме...

Ердоган: Секоја фирма да вработи по еден невработен, така ќе ја решиме невработеноста

Recep Tayyip Erdogan

Секоја фирма да вработи по еден невработен, предлага турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како решение за невработеноста во земјата, пренесува France Presse.

„ТОББ денеска има речиси милион и половина членови. Ако секој член сега вработи по едно лице, што тоа би значело? Тоа значи работа за 1,5 милиони невработени“, рече Ердоган, кој ја повика на ваков чекор главната организација на турски работодавачи, Сојузот на трговски комори и стоковите берзи на Турција(ТОББ) .

„За жал, нема парите да ги однесеме со себе во гроб. Ќе останат овде. Кога е така, да им дадеме работа на оние што ја немаат“, рече Ердоган на конференција за здравје и безбедност при работата во Истанбул.

„Што може фирмата да загуби, кажете ми? Дали ќе пропадне затоа што вработила едно лице? Нема. Токму напротив, ќе има од тоа полза. Тоа е толку едноставно“, рече Ердоган, чиј говор беше проследен со умерен аплауз.

Редовно обвинуван за популизам, турскиот претседател предизвикува загриженост во турските бизнис кругови со сѐ поголемото мешање во економски прашања, на пример со константното повикување на турската централна банка да ги намали каматите, ризикувајќи при тоа раст на инфлацијата.

По економски поволната деценија, турската економија од 2012 година расте побавно.

Просечната стапка на раст изнесуваше 3,93 отсто од 1999 до 2015 година.

Во првиот квартал на 2010 година растот изнесуваше рекордни 12,6 отсто.

Во последниот квартал на 2015 година турската економија порасна 5,7 отсто во однос на претходната година, што е највисока стапка на раст од третиот квартал на 2011 година.

Растот за цела 2015 година изнесуваше 4 отсто, за разлика од 3 отсто во 2014 година.

Инфлацијата во април оваа година изнесуваше 6,6 отсто, јавниот дефицит изнесува 1,2 отсто, а во јануари невработени биле 11,1 отсто од работната сила, покажуваат податоците на Турскиот институт за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП