22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на кафето ќе порасне, „Ел Нињо“ го уништи родот на сортата...

Цената на кафето ќе порасне, „Ел Нињо“ го уништи родот на сортата робуста

20111027-mountainview-03

Цените на кафето, годинава, се очекува драстично да се зголемат, откако падна производството на кафе во Виетнам, водечки светски производител на сортата робуста, поради сушата која е најголема во последните 30 години во земјата.

Според наводите на анкетата на агенцијата „Bloomberg“, меѓу осум производители, виетнамските фармери во бербата која почнува во октомври ќе соберат само 1,5 милиони тони.

Минатата сезона беа набрани 1,65 милиони тони, па оваа сезона бербата ќе биде најслаба од сезоната 2012-2014 година.

Цената на робуста, кафе кое се користи најмногу за производство на инстант кафе, порасна во април за речиси 6 отсто, а расте последователно три месеца, што не беше забележано во последните две години.

Во петокот, цената запре на 1.649 долари за тон, што е највисока цена од почетокот на ноември.

Во текот на оваа година цената скокна за речиси осум отсто.

Освен во Азија, неповолните временски услови предизвикани од феноменот „Ел Нињо“ го намалија производството и во Јужна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП