ЕКОНОМИЈА

ММФ: Следи економски раст во Русија и застој во ЕУ

eu-rusija-rusija-eu-eu-eue-eu

Меѓународниот монетарен фонд – ММФ најавува наскоро економски раст во Русија и економски застој во ЕУ.

Во Русија во блиска иднина ќе дојде до економски подем, наведува „Deutsche Nachrichten“, повикувајќи се на шестмесечниот извештај на ММФ за Средна, Источна и Југоисточна Европа.

Русија би можела во најскоро време да излезе од рецесија и да ја обнови тенденцијата за растот.

Тоа би можело да се случи веќе наредната година, бидејќи оваа година за тоа сеуште не е способна, проценува ММФ.

Русија е погодена од ниските цени на нафтата и западните санкции, воведени поради кризата во Украина и Крим.

ММФ за еврозоната предвидува ризик од економски застој, и покрај изненадувачки позитивниот старт на годината од економски гледна точка.

Сепак, ситуацијата во ЕУ би можела да се расипе од ограничувањата поврзани со Шенгенскиот договор, поради доаѓањето на бегалците.