17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретпазлив почеток на седмицата на Волстрит

Претпазлив почеток на седмицата на Волстрит

image-volstrit

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси останаа речиси непроменети, при што здравствениот сектор зајакна, додека енергетскиот сектор ослабе поради падот на цените на нафтата.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,20 отсто, на 17,705 поени, додека индексот S&P 500 зајакна за 0,08 проценти, на 2.058 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,30 отсто, на 4.750 индексни поени.

Пет од десетте сектори на S&P 500 индексот во понеделникот добија на вредноста, при што најмногу, за 1,1 отсто, пораснаа цените на акциите во здравствениот сектор. Тоа е најмногу поради скокот на цените на акциите на „Allergan“ за 6 отсто, откако израелската „Teva“ порача дека очекува оти до јуни ќе го доврши преземањето на „Allergan“-овото генеричко работење во износ од 40,5 милијарди долари.

До друга страна, најмногу паднаа, и тоа за 1,2 отсто, цените на акциите во енергетскиот и во рударскиот сектор, што е последица од падот на цените на нафтата за 2,8 отсто и притисокот на цените на сировините, по слабите економски резултати од Кина, најголемиот светски потрошувач на сировини.

Кинескиот извоз паднал во април за 1,8 отсто во однос на истиот месец минатата година, повеќе од очекуваното, а остро паднал и увозот, за 10,9 отсто. Тоа покажува дека домашната побарувачка во втората според обемот светска економија е слаба, како и побарувачката на глобалниот пазар.

Инвеститорите се претпазливи и поради анемичните квартални деловни резултати на компаниите во САД. Сезоната на објавување за првиот годинешен квартал е при крај, а во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека заработките на компаниите од S&P 500 индексот паднале за 5, отсто во однос на истиот лански период, додека приходите им се намалени за 1,9 отсто.

„На оваа сезона на деловните извештаи би ѝ дал средна оцена. Додека повеќето од компаниите успеале да ги натфрлат очекувањата по прашањето на заработките, приходите повторно разочараа“, вели Алан Гејл, стратег во компанијата „RidgeWorth Investments“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП