Индустриското производство во Германија се намалило за повеќе од очекувањата во март, посочија објавените официјални статистички податоци. Тоа беше уште еден знак за забавување на растот на водечката европска економија.
Производството се намалило за 1,3% во март на месечна база, а за споредба месец порано падот беше во износ од 0.7%. Резултатот се покажа значително полош од просечните очекувања на аналитичарите кои прогнозирале намалување на показателот од 0,2%. На годишна основа индустриското производство е зголемено за 0,3%.
Во голема мера забавување на растот на светската економија, а особено на растечките економии како кинеската, се во основата на доцнењето на индустриското производство. Германската централна банка во очекувањата за раст на економијата во вториот квартал предвиде влошување на бизнис довербата и индустриското производство. Во исто време градежништвото во Германија се забави со 3,2% во февруари, а производството на стоки со долготрајна употреба е намалено за 1.3%. Производство на енергетска стока се зголеми за 0,3%.
Објавените податоци за фабричките нарачки посочија нивно зголемувањето за 1,9% во март поради обновување на растот на извозот кон земјите надвор од еврозоната.