28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДијамант од 813 карати продаден за рекордни 63 милиони долари

Дијамант од 813 карати продаден за рекордни 63 милиони долари

dijamant8888

Канадската рударска компанија Lucara Diamond го продаде за рекордни 63 милиони долари дијамантот од 813 карати.

Овој дијамант беше купен уште пред продажбата на вториот и уште поголем дијамант, пишува CNBC.

Компанијата, присутна на берзата во Стокхолм, наведе дека досега никогаш за толку висока цена не е продаден необработен дијамант.

Името на купувачот не е соопштено, а дијамантот беше пронајден во Боцвана и е наречен Констелација.

Експертите сметаат дека рекордот за најскапиот дијамант ќе трае кратко, бидејќи на 29 јуни ќе биде аукциската продажба на дијамантот Lesedi la Rona, голем колку тениско топче, чија вредност на аукцијата би можела да достигне 70 милиони долари.

Тоа е втор досега пронајден најголем дијамант од 1.109 карати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП