2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнтикорупциски самит во Лондон, еден месец по објавувањето на панамските документи

Антикорупциски самит во Лондон, еден месец по објавувањето на панамските документи

london_large

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе биде домаќин во четврток во Лондон на лидерите од целиот свет, со цел покренување на меѓународна офанзива против корупцијата, по нешто повеќе од еден месец од откривањето на панамските документи за затајување на данок.

На самитот ќе се соберат претставници на четириесетина земји, посебно оние што силно ги потресува корупцијата, како авганистанскиот претседател Ашраф Гани или неговиот нигериски колега Мухамад Бухари.

Поканети се и американскиот државен секретар Џон Кери, главната директорка на ММФ Кристин Лагард, претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким, како и претседателот на антикорупциската невладина организација Transparency International, Хосе Угаз.

Камерон се надева дека во Лондон ќе биде потпишана „првата светска декларација за корупција“.

Тој текст треба да ги мотивира потписниците „да работат заедно“, но и да „признаат дека корупцијата ги задушува напорите во борбата против сиромаштијата.

Москва изрази воздржаност во поглед на обврзувачкиот карактер на идниот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП