2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја повикува Германија да ги зголеми јавните и приватните инвестиции

ММФ ја повикува Германија да ги зголеми јавните и приватните инвестиции

lagarade_merkel_web-thumb-large

Германија би требало да ги искористи ниските трошоци на задолжување и да ги зголеми јавните и приватните инвестиции во инфраструктурата, што воедно би им помогнало да го намалат големиот вишок во платниот биланс, порача Меѓународниот монетарен фонд(ММФ).

„Се очекува растот оваа година да остане умерен бидејќи силната домашна побарувачка, поткрепена со поволните фискални и монетарни услови, ја амортизира слабата надворешна побарувачка“, истакна ММФ во најновиот извештај за состојбата во најголемата европска економија, објавен во понеделник.

Во препораките до Берлин, Фондот истакнува дека би требало да ги засилат јавните и приватните инвестиции за да ги задоволат потребите на подрачјето на инфраструктурата.

Германската влада, исто така, би требало да ги забрза структурните реформи за да го зголеми потенцијалот за економски раст преку засилено вклучување на бегалците, жените и постарите работници во пазарот на труд, истакнуваат од ММФ.

Од ММФ ја повикуваат владата да ги отстрани пречките за подобра понуда на станбени недвижнини, за да се ублажи притисокот врз пазарот. Исто така, би требало да воведат мерки на јакнење на надзорната улога на надзорните одбори во банките.

Во ММФ проценуваат дека вишокот во тековниот платен биланс во Германија оваа година ќе остане близу до рекордното ниво.. Кон средината на април проценија дека германската економија оваа година ќе порасне 1,5 отсто, додека во 2017 година растот ќе изнесува 1,6 отсто.

Германската влада минатиот месец ја потврди проценката според која германската економија оваа година би требало да порасне 1,7 отсто, и покрај забавувањето на активностите на пазарите во развој. Како главна поткрепа е издвоена силната домашна побарувачка која во таа улога постепено го заменува извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП