17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСамостојна изложба на Маја Кировска

Самостојна изложба на Маја Кировска

maja-kirovska

Самостојна изложба на Маја Кировска со наслов „Револуција на розовите пижами“ ќе биде отворена во вторник вечер во Галеријата Флукс.

Изложбата е дел од уметничкиот проект кој Кировска го започна минатата година, во сооработка со уметникот Ницан Хамерман од Израел. Реализацијата на проектот ќе се одвива во три етапи, првата во Македонија, втората во Израел, а потоа на неколку локации во странство.

Како пилот проект за да се испитаат ефектите, влијанијата, коментарите и впечатоците на публиката, дел од концептот првпрв пат беше поставен и презентиран на 19 април оваа година на една групна изложба во Националната галерија на Македонија – објект Чифте Амам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП