18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонскa берза продадена Алфа банка

На Македонскa берза продадена Алфа банка

mak berza

Преку администраторска блок трансакција на Македонската берза за хартии од вредност во понеделникот беа истргувани сто проценти од капиталот на Алфа банка АД Скопје на швајцарскиот фонд „Силк роуд капитал аг“ со седиште во Цирих.

Вкупно 10.305 акции со номинална вредност од 120.000,00 денари се истргуваа по цена од 7.183,70 денари. Вредноста на купопродажбата изнесуваше 74.028.028,00 денари или приближно 1,2 милиони евра.

Во редовното тргување без особени изненадувања течеше денешниот трговски ден. Прометот изнесуваше 3,8 милиони денари и се оствари преку 26 трансакции.

Пет хартии од вредност ја зголемија вредноста, три беа без промена додека губитници немаше. Индексот МБИ10 порасна за 0,40 осто, додека ОМБ остана без промена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП