17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилеп ќе се претстави на конференцијата за авантуристички туризам во Охрид

Прилеп ќе се претстави на конференцијата за авантуристички туризам во Охрид

prilep-milep

Од вторникот 10-ти до 12-ти мај на брегот на Охридското Езеро ќе се случи Првата меѓународната конференција за авантуристички туризам „АдвентуреНЕЏТ Балкан“, на којашто пред околу 300 врвни туристички експерти, како и новинари од цел свет со својата понуда во овој сегмент ќе се претстави и Прилеп.

Градот под Марковите кули ќе се претстави со своето културно историското богатство, природните убавини, традиционалната храна и туристичката понуда која ќе биде промовирана низ целиот свет.

Во последните години Прилеп станува центар за развој на екстремните спортови, што е реткост за Македонија и за регионот. Околината на Прилеп располага со одлични услови за равој и негување на овие спортови, особено на болдерингот. Специфичните и уникатни карпи на локалитетите Маркови кули, Баба и Трескавец, се рај за болдеристите ширум светот и го привлекуваат вниманието на стотици болдеристи кои во изминатите години се натпреваруваат во искачување на Болдеринг маратонот „Крале Марко”.

Прилеп на Меѓународната конференција „Адвентуре Неџт Балкан“ ќе ја има можноста да ги претстави убавините и можностите за развој на авантуристичките туристички потенцијали, а светските тур оператори ќе може да креираат пакет аранжмани. Со оглед на тоа дека алтернативните форми на туризам се едни од најзастапените од странците за време на нивните посети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП