4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе асфалтира патот до селото Суво Грло

Се асфалтира патот до селото Суво Грло

suvo-grlo

Градежната фирма „Коле Транс инжињерин“ започна во понеделникот со асфалтирање на локалниот пат до штипското село Суво Грло.

Александар Југов од Фондацијата ЛЕР ИТ при Општина Штип вели дека локалниот пат до оваа штипско село е во должина од четири километри, а средствата се обезбедени преку Агенцијата за фиансиска подршка и развој на земјоделството.

„ Инвестицијата за изградба на овој пат е три милиони денари, а освен овој пат во текот на наредните денови ќе се асфалтираат улици во селата Селце и Драгоево, а од среда во населбата Стар Карорман, каде што инвестицијата е околу три милиони денари – изјави Југовп.

Жителите на Суво Грло велат дека се благодарни што до нивното село ќе има асфалтиран пат, со кој ќе им се олесни пристапот до нивните куќи и земјоделско земјиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП