18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка прикажа одлична добивка за првиот квартал

НЛБ Тутунска банка прикажа одлична добивка за првиот квартал

nlb

Во периодот од 1.1.2016 година до 31.3.2016 година НЛБ Тутунска банка работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2016 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.

Во првото тримесечје од 2016 година, нето каматните приходи се повисоки за 18,2% споредено со истиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 5,9% како резултат на зголемената продажба на кредити на население и на приватни претпријатија споредено со првиот квaртал од 2015 година при значително намалени каматни стапки во однос на минатата година, како и поради повисока состојба на пласирани слободни средства во благајнички записи. Расходите по камати се пониски за 21,1% како резултат на пониските каматни стапки на депозитите и пониска состојба на обврските по кредити.

Нето приходите од провизии се зголемени за 4%. Приходите од провизии се зголемени за 9,3% поради повисоки остварени приходи од реализиран платен промет во земјата и со странство, поради повисоки приходи од услуги во електронското банкарство, од лично банкарство, од зголемен промет и број на трансакции со картички и на ПОС терминалите на Банката и поради зголемен број на иматели на сметки во Банката.

Расходите за провизии се повисоки за 24,0%, главно поради повисоки расходи од картично работење (зголемен број на картички и нивно користење), повисоки трошоци за домашен платен промет и повисоки расходи по провизии за кредитни посредници.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 51.188 илјади МКД и се пониски за 42,6% во однос на претходната година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 960.857 илјади МКД и се повисоки за 8,5%.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 417.894 илјади МКД и се повисоки за 2,8%.

Во првото тримесечје од 2016 година беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 111.310 илјади МКД. Издвоените исправки соодветствуваат на движењето структурата и на квалитетот на пласманите на Банката.

Нето добивката на Банката заклучно со 31.3.2016 година изнесува 361.690 илјади МКД и е повисока за 56,8% во однос на истиот период од 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП