12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрвениот крст доби нов логистички центар во Карпош

Црвениот крст доби нов логистички центар во Карпош

stve 33

По повод Светскиот ден на Црвениот крст, 8-ми мај и Деновите на Црвениот крст на Република Македонија кои се одбележуваат од 8-ми до 15-ти мај, во скопската населба Момин поток во понеделникот свечено беше пуштен во употреба реконструираниот Центар за логистика.

Пред голем број граѓани и официјални претставници на Меѓународниот црвен крст, и Црвен крст на Германија, генералниот директор на Црвен крст на Република Македонија Саит Саити го покани градоначалникот на Општина Карпош заедно да ја пресечат црвената лента’, со што и официјално новиот објект започна да работи.

Во своето обраќање директорот Саити нагласи дека овој објект бил реконстриуиран за рекордни 105 денови, и истиот целосно ќе ги задоволува потребите на оваа институција. Тој истакна дека Центарот за логистика бил изграден со несебична помош на Меѓународниот црвен крст, Црвен крст на Германија, Шпаркасе банка и со големо залагање на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимобвски.

„Особено му благодарам на г-дин Јакимовски, кој освен со законски утврдените норми, надвор од нив по сопствена воља, даде голем придонес во изградбата на објектот, како докажан поддржувач и помагач на политиките кои ги спроведува Црвениот крст на Македонија“, истакна Саити.

По официјалното пуштање во употреба на објектот, присутните имаа можност со кратка обиколка да го разгледаат и да се запознаат со неговите инфраструктурни капацитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП