2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија попушти! Хрватите може да работат во оваа земја

Швајцарија попушти! Хрватите може да работат во оваа земја

svic 333

Швајцарија постигна договор со Европската унија, според кој и хрватските граѓани ќе можат слободно да работат во оваа држава.

На овој начин е решен спорот, откако земјата објави дека за Хрватите ќе важи рестрикција за работа во Швајцарија, без оглед на членството во ЕУ.

Сепак владата на оваа земја попушти и објави дека, сепак, хрватските граѓани ќе имаат ист третман како и сите останати граѓани на ЕУ, а првилата ќе стапат на сила од први 1-ви јуни.

Професорот Давор Павуна кој веќе долги години живее во Швајцарија ја коментираше оваа одлука. Верува дека во овој момент во Швајцарија нема да пристигнат голем број на Хрвати, бидејќи се пред прагот на туристичката сезона која во Хрватска е многу атрактивна.

„Да не заборавиме дека во Хрватска многу помалку се работи. Во Швајцарија главно е „ред, работа и дисциплина“, се работи 44 часа неделно и се е добро регулирано“, вели Павуна.

„Тоа е земја во која на нашиот медитерански карактер, а и на останатите не им одговара затоа што е многу тврда. Кој ќе успее да се вклопи во системот, на тој ќе му биде убаво. Од 100.000 Хрвати кои се во Швајцарија, многу се просперитетни“, истакнува тој.

Павуна додава дека во Швајцарија навистина има работни места, од место помошник на жичарница или во туризмот, до факултет за место професор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП