2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏеф Безос продал 1 милион акции на Amazon

Џеф Безос продал 1 милион акции на Amazon

amazon jef

Oсновачот на американскиот технолошки концерн „Amazon.com Inc.“, Џеф Безос заработил 671 милиони долари во текот на изминатата недела, откако продал 1 милион акции од онлајн трговецот, покажуваат податоците доставени до Федералната комисија за хартии од вредност и берзи („Securities and Exchange Commission“, или „SEC“).

Добиената сума е за 135 милиони долари повисока од добиената во август 2015-та година, кога тој последен пат продаде блок со 1 милион акции.

Продавајќи ги акциите во оваа недела Безос го искористи големиот пораст на акциите на „Amazon“ по извештајот за првото фискално тромесечје, објавен на 28-ми април. Акциите на компанијата додадоа 13% на својата вредност во текот на двата дена по извештајот кој покажа дека приходите се зголемија за 28% во првиот квартал, а профитот достигна 513 милиони долари по загубата од 57 милиони долари, една година порано. Од тогаш цената на акциите малку се намалија, но остануваат со 9% повисока, отколку пред тримесечниот извештај.

Распоредот на продажба на акциите сепак е предодреден од т.н. „10b5-1“ план, крстен од регулацијата на „SEC“ која им овозможува на инсајдерите од одредена компанија да избегнуваат казни за инсајдерски тргувања преку создавање на распоред на продажбата во однапред. Во теорија, ако учинокот „Amazon“ беше фрустрирачки извештај за кварталот и цената на акциите забележеше пад, Безос пак требаше да продаде 1 милион акции според претходно договорениот план.

ama akcii 22333

Продажбата се одржаа на 3, 4 и 5 мај кога цените беа во опсег меѓу 662,48 милиони и 680,05 милиони долари, информира „Bloomberg“.

52-годишниот менаџер кој, како што е познато, го основа гигантот во електронската трговија во 1994-та година, откако ја напушти работата на „Wall Street“, се уште поседува 82 милиони акции од компанијата, што претставува 17 отсто од акциите во вредност од 54 милијарди долари според индексот за пресметување на богатството на милијардери на „Bloomberg“ – „Bloomberg Billionaires Index“.

Слично на своите врсници – технолошките милијардери, Безос има и многу други интереси, освен компанијата која тој ја основа. Една од нив е неговата компанија за патување во вселената „Blue Origin“, како и весникот „Washington Post“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП